Кoшиштани уште пред една недела преку нашиот медиум предупредија дека секој момент може да дојде до пожар во овој дел од градот и побараа од надлежните под итно да превземат мерки. Локалната со свое објаснување зошто досега не е направено ништо.
Се случи тоа од што се плашеа и на што предупредуваа кошиштани. Во саботата навечер околу 11 часот вивна ниската вегетација од десната страна на улицата Кирил и Методиј која води од Горна Порта до пумпната станица. Среќа во несреќa e што мештаните брзо забележале дека гори сувата трева па пожарот не зафатил големи размери. Димитрије Блажески, жител на оваа улица раскажува што се случувало во саботата. Тој вели дека 20тина луѓе кој по пижами кој по влечки истрчале да го гаснат пожарот. „Гасневме со кофи вода, со црева кој соо што најде“, вели Димитрије. „За среќа брзо го изгаснавме пожарот“, додава тој.
Ако така брзо не се реагирало и ако пожарот ја зафател и боровата шума во која повеќето дрва се суви пожарот ќе добиел невидени размери, тврдат кошиштани. Мештаните изреволтирано кажуваат дека уште пред две и пол години поднеле барање до Локалната, „Комуналец“ и Противпожарната за да се превземат соодветни мерки за да не дојде до пожар, но сите останале глуви на нивните барања.
Тие се револтирани на неагилноста на службите, а и на изјавата дадена од страна на портпаролор на Локалната Симон Илиевски дека Општината била само известена за проблемот на кошиштани, а не и дека било поднесено барање за негово решавање. Тие тврдат дека поднеле барање, а имаат и копија од овој документ.
Дел од жителите на Кошишта денес поднеле ново барање т.е ургенција за решавање на овој проблем.
Од Локалната велат дека причина што досега целосно не е среден просторот е дефектот на машината со корпа која требало да ги отстрани високите гранки наместо целсоно да се исечат стогодишните стари стебла . Машината , според службите од Локалната самоуправа е поправена и од почетокот на идната недела , просторот ќе биде среден. А, во врска со пожарот од Локалната додаваат дека допрва , со анализа на експерти ќе се обелодени дали пожарот бил случаен или подметнат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град