Плаќање данок преку интернет

ДДВ обврзниците до 01 јануари 2013 година мора да имаат код за идентификација. Тоа е клуч за вклучување на ДДВ обврзниците од земјава во новиот систем, е-Даноци или поднесување на ДДВ-пријавите и даночните биланси во УЈП, по електронски пат.

 |  Николоска Биљана  | 
ujp
ујп

Даночните пријави од 01 јануари 2013 та ќе се поднесуваат по електронски пат. Тоа значи примена на новиот систем, е-Даноци кој овозможува да користите современ, ефикасен и безбеден начин на комуникација со УЈП и истовремено да заштедите време и да ги намалите трошоците на финансиското работење,  информира Реина Стефаноска, шеф на службата во даночно одделение во Охрид. ujpТаа додава дека ДДВ обврзниците имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси пропишани со Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат точно преку системот е-Даноци.

„Заради навремено усогласување со новите законски обврски, УЈП им препорачува на ДДВ обврзниците да не го чекаат последниот рок и да го искористат периодот октомври -декември за прилагодување и користење на придибивките од електронската комуникација и поднесување на даночни пријави и други обрасци доУЈП“-вели Стефаноска.

Задолжителен предуслов за регистрација и користење на услугата е-даноци, покрај поседувањето на интернет и е-пошта е Дигитален сертификат на USB токен, вели Милорад Миланоски од регионалната дирекција на УЈП Битола.

danok„За практична примена на е даночните услуги, УЈП секој месец ќе организира обуки и советувања за даночните обврзници низ цела Македонија“-изјави Миланоски.

Од даночното одделение на УЈП Охрид, информираат дека до овој момент, регистрирани се 897 ДДВ обврзници за системот е-Даноци, а дека остануваат помалку од половина кои треба да си ја исполнат ова законска обврска. Инаку во охридското даночно одделение има 146 регистрирани месечни даночни обврзници, 769 тримесечни и 435 годишни. Доколку во предвидените рокови обврзниците не ги преземат потребните чекори, нема да може да ги користат електронскитре услуги на УЈП, односно постои ризик да не ги исполнат навреме своите законски обврски за поднесување на даночни пријави и пријавување на ДДВ и Данок на добивка. Исто така од УЈП Охрид ги повикуваат сите обврзници за ДДВ во понеделник 15 ти октомври во 12 часот, во малата општинска сала да присуствуваат на едукација за новиот подобрен систем за е-Даноци.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top