„Питачката опера“ на Охридско лето

Култното дело на Вацлав Хавел, „Питачката опера“ сионќа премиерно на Охридско лето.

 |  Голабовски Крсте  | 
Pitacka opera
Питачка опера

Станува збор за дело кое е напишано кон крајот на минатиот век и многумина повеќе ја познаваат „Питачката опера“ како култно дело на Бертолд Брехт. Директорот на Албанскиот театар од Скопје, Адем Карага вели дека тематиката на оваа тетарска претстава донесе работи кои публиката секојдневно ги доживува, а кои ги со себе ги носи транизицијата која сеуште трае. Тој заедно со босанскиот режисер Дино Мустафиќ, цела година работеле на претставата, која не било воопшто лесно да се донесе пред публиката.

Pitacka opera„За нас е исклучителна чест да донесеме еден ваков нов вид претстава, нов вид на работа, многу современа за која беше потребен многу голем напор“ вели Карага.

Режисерот на претсавата,  Дино Мустафиќ еден од луѓето кои ја креираат културната политика на својата земја, истакна дека и покрај тоа што овој текст е напишан во последната декада на 20-тиот век, сосема сигурно е дека и ден денес е современ и актуелен. Хавел со оваа претстава се заложува за оние вредности, за кои ние на Балканот сеуште водиме битка, а тоа се демократијата, човековите права, транспарентноста, а во сето тоа одат и индивидуалните вредности на луѓето, како што се почитувањето и моралот.

„Оваа инсценација на делото на Хавел  е една своевидна политичка сатира, еден вид политичка рефлексија на се она кое беше карактеристично во социјалистичкиот блок, а тоа е дека во спрегата на тој самопрокламиран општествен морал, во реалноста пак функционираше еден страшен спој на системот и кражбата“ потенцира Мустафиќ.

Pitacka operaГлавниот лик во претставата, ликот на шефот на криминалната банда Мекит, беше во интерпретација на актерот Џевдет Јашари. Станува збор за комплексна улога која беше навистина тешко да се сработи, вели Јашари, но на крај преовладало видувањето на актерот за тоа како најуспешно ликот да се донесе пред публиката.
 
„Јас истражував за улогата и разговаравме со режисерот, па сфатив дека да се игра еден шеф на криминална банда, секаде е исто и во Германија и во Франција и во Индија, бидејќи тие луѓе имаат само една цел во животот. Јас донесов интерпретација на еден мој шеф и многу сум среќен поради тоа“ посочи Јашари.

„Питачката опера“ е познато дело од 1972 година на славниот чешки, есеист, писател, драматург, дисидент и прв претседател на демократска Чешка Вацлав Хавел, кој во современи рамки ја адаптираше приказната на Џон Гај од 18 от век, а која поради својата тематика и популарност доживеа многу преработки дури и музичка од страна на Бертхолд Брехт. Кај оваа драма најголема фасцинација е нејзиниот текст во кој се открива друштвото како место за конфликт и соживот на различни криминални организации, тематика чија актуелност воопшто не бледнее и ден денес.

Вечерва пка во рамките на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на „Св. Софија“ концерт ќе одржи Македонската филхармонија. Солист ќе биде Андреј Гугнин – пијано, Русија, под диригентската палка на  Штефан Фрас од Германија. На програмата ќе бидат дела од Глинка, Чајковски и Шостакович.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top