Пишувај гласно, зборувј моќно

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и годинава отвори простор за упис на 80 студенти на двете насоки, новинарство и корпоративни комуникации и односи со јавност.

 |  Билјана Николовска  | 
novinarstvo
новинарство

Мотивација и желба за студирање. Ова е еден од условите кој треба да го исполнат студентите кои сакаат да се запишат на високата школа за новинарство и односи со јавноста. Сеуште тече конкурсот за упис на студенти на оваа школа за 2011-2012 година. Вкупно 80 студенти можат да се запишат на високата школа за новинарство, а со тоа да го искористат и правото на прв професионален ангажман уште за време на студиите, вели Александра Теменугова, раководителот на наставна програма.
„Кандидатитетреба да имаат завршрно 4 години средно образовоание кое што треба да го потврдат. Исто така високата школа под покровителство и со помош на институтот отворено општество Лондон оваа година доделува три стипенди на Роми, кои потполно се ослободени од обврски за плаќање“.
Aleksandra TemenugovaТеменугова наведе неколку причини зошто матурантите треба да се запишат на високата школа за новинарство. Таа потенцира дека оваа интересна и динамична професија им се нуди на младите како од нив би направиле одговорни, транспарентни професионалци, кои ќе знаат како да ја заштитат институцијата во која што работат.
14 матуранти веќе добија право на статус на студенти, тоа се оние кои што влегоа како стипендисти преку конкурсот кој излегува секоја година, Изрази се преку медиумот, вели Теменугова. Додава дека останува уште малку време за оние кои што сакаат да се запишат. Според Теменугова, интерес кај студентите постои а посебно годинава поради подршката добиена  од УНЕСКО.
Факултетите и високите стручни школи нудат еднаков степен на високо образование а дипломите што се добиваат на овие две институции се еднакво вредни на пазарот на трудот, само што  факултетите нудат повеќе теоретско и академско знаење од определена област додека пак високите школи, студентите ги вклучуваат во работен процес за време на студирањето, вели Теменугова. Таа ја спомна и меѓународната соработка на факултетот која на студентите им овозможува бесплатно да поминат еден семестар во повеќе од 50 универзитети во Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top