Нова премиера на Охридскиот народен театар. Овој пат станува збор за авторско дело на единствениот актер кој се појавува во неа, Никола Тодороски, а работена според текст раскази на Марк Твен.
Нова премиера на Охридскиот народен театар. Станува збор за авторското дело на единствениот актер кој се појавува во неа, Никола Тодороски, а работена според раскази на Марк Твен. „Писма од земјата“ покрај охридската премиера, свое премиерно издание ќе доживее и во Софија, во соседна Бугарија.
„Драго ми е да објавам уште една претстава, премиера, авторско дело на НИкола Тодороски, четврта премиера на Охридскиот театар во овој краток период, се работи за едно копродукциско дело, од познатиот автор Марк Твен, „Писма од земјата“, која ќе може да ја видите утре во 20 часот.“-вели директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски.
Ова не е монодрама, појаснува актерот и автор на претставата, Никола Тодороски. Според него, жанрот драма сам по себе е премногу мек за да го изрази она што самата претстава сака да го постигне.
„Станува збор за една сатирична турбуленција која зборува за сите оние горчливи нешта кои постојат во општеството, кажани на еден сатиричен начин. Во претставата го толкувам ликот на лудиот филозоф, или накратко речено будалата кој ја соочува публиката да се напие од горката чаша на се она што не опркужува во општеството и притоа згрозена да плукне на сите тие работи. Да се насмее на нив и насмевнувајќи се да се присети дека може да биде и полошо.“-рече актерот и автор на претставата, Никола Тодороски.
Единствениот лик во претставата сам по себе е интересен, не само поради актерската умешност на Тодороски, туку и дополнително, поради впечатливиот костим изработен од Ромина Стефанова Рашити.
Премиерата на „Писма од земјата“ ќе се случува утревечер со почеток од 20 часот. Билетите кои чинат 150 денари, до 18 часот ќе може да се набават во мјузик шоп „ЗЗ Топ“, додека пред почетокот на претставата односно од 18 до 20 часот и на билетарата во Центарот за култура. „Писма од земјата“ ќе биде одиграна во малата сала во Центарот за култура. Репризното издание на претставата во Охрид ќе биде на 19ти март, додека на 15ти мај ќе доживее и премиера во Софија, соседна Бугарија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град