Проверка на знаењето на учениците по сите предмети преку цела година, со Писи-педија. Станува збор за имплементација на нов софтвер, производ на образовниот центар ПИСИ. Ангел Јанев, еден од креаторите на новиот софтвер, очекува, со негова примена напредок во образовниот систем во земјава.
За првпат во Македонија се јавува нов софтвер, Писи-педија, кој денес и официјално беше промовиран. Како што изјави Ангел Јанев, еден од основачите на ПИСИ, новиот софтвер има две карактеристики, односно спој на википедија електронската енциклопедија од една страна, со мудл, софтвер наменет за електронско тестирање од друга страна.
„Јас се надевам дека овој софтвер ќе биде почеток и повик до сите млади луѓе, морам да кажам дека е производ на образовниот центар ПИСИ и на учениците кои излегоа од тука. Тоа не се веќе ученици тоа се искусни програмери има повеќе од 30 години со 10 години работно искуство работат за РМ и надвор од неа и сакам да ја искористам оваа презентација да ги повикам сите оние кои директно или индиректно сакаат да учествуваат во овој проект за, и надвор од РМ да се придржат на овој тим со што на младите луѓе ќе им кажеме дека има овде работа во Охрид РМ имаме производ кој што и тоа како можеме да го понудиме“ – вели Јанев.
Јанев нагласува дека новиот софтвер сега за сега најмногу ќе им помогне на учениците во делот на редовното образование и во делот на електронското образование.
„Затоа што сега имаме моментална ситуација во која што тестовите се дадени, нема одговор на прашањата, нивото на тесатовите од 1-10 е два за петка, јас сакам тој момент да го покријам, значи да имаат преку целата година можност да се самотестираат, родителите да се тестираат, да го тестираат знаењето на децата по сите предмети , наменски. Со тоа можеби ќе се направи проблем или напредок во образовниот систем во РМ, и мислам дека тоа од сруга страна ќе даде одговор за многу предизвици“- нагласи Јанев.
Поентата на Писипедијата е преку 100 до 200 прашања учениците да научат за петка и да се стекнат со потребното знаење а воедно да им заштеди на искористувањето на нивнот слободно време, вели Јанев. Тој очекува новиот софтвер да предизвика нови процеси во Р. Македонија бидејќи тоа ќе биде провокација за професорите, директорите, Министерството за образование, Бирото за развој на образование, како да изнаоѓаат начин, знаењето на децата да им го пренесат во облик на кој треба да се пренесе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град