„Ова е пирова победа за ВМРО ДПМНЕ“ велат од СДСМ

Пратеникот Митре Велјаноски ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ на државно ниво и истакна дека СДСМ се математички победници на овие предвремени парламентарни избори освојувајќи 43 пратеници наспроти осумнаесетте кои ги имаа досега. Претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Петрески им порача на своите политички опоненти да соберат храброст и да му ја честитаат победата во Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
Veljanoski
Велјаноски

Пратеникот Митре Велјаноски ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ на државно ниво и истакна дека СДСМ се математички победници на овие предвремени парламентарни избори освојувајќи 43 пратеници наспроти осумнаесетте кои ги имаа досега. Претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Петрески им порача на своите политички опоненти да соберат храброст и да му ја честитаат победата во Охрид.

„Власта ги искористи сите можни средства за да победи на овие избори, па некои луѓе поради сиромаштијата биле принудени да го земат она што им било ветено…“ вака рече пратеникот од редовите на СДСМ, Митре Велјаноски. Тој додаде дека поради бројни нерегуларности во избирачкиот процес, не ги смета за легитимни избраните пратеници од дијаспората. Велјаноски вели дека тие пратеници биле изгласани со само една третина од потребните гласови по пратеник.

„Најнапред сакам да ја искористам приликата и да му ја честитам пировата победа на ВМРО ДПМНЕ велам пирова затоа што математички победник на овие избори е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Да се потсетиме дека во претходниот состав на парламентот СДСМ имаше свои 18 пратеници, сега ќе има 43, вмро дпмне имаше 63 сега ќе има 53.“

Petreski„ВМРО-ДПМНЕ ја купи победата во Република Македонија со пари, да видиме која е цената по која ќе ја продадат Македонија.“-рече претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Петрески.Тој свој коментар даде и на начинот на кој симпатизерите на ДПМНЕ ја прославуваа својата победа на државно ниво.

„Видовте што се случи сношти врвеа во Охрид со коли свиреа во доцните часови нешто славеа. Што славеа никој не знае. И нека се запрашаат сите 14 000 гласови од општина Охрид што се дадени за вмро дпмне дали заслужиле да им се дадат покажаа на митингот во Охрид кога целиот град го уништија и покажаа со свирењето на колите вчера и дивеењето низ градските улици во Охрид. “

Петрески додаде дека тој го одржал своето ветување и победил во Охрид и им порача на своите политички опоненти од ВМРО ДПМНЕ да покажат доблест и да му ја честитаат победата на СДСМ во Охрид.

Petreski

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top