Македонскиот, светски познат пијанист Симон Трпчески со концерт и во Охрид.
По гостувањето на голем број европски и светски музички сцени, маестро Трпчески одржува концерти и дома. Во рамките на концертната турнеја низ Македонија, нашиот најдобар пијанист, ќе гостува на Денот на ослободувањето на Охрид, 7 -ми Ноември.
Долго очекуваниот концерт на Симон Трпчески ќе се одржи во ЦК „Григор Прличев“, а интересот кај охриѓани за купување билет е огромен вели директорката Драгана Боцевска. „По најавите дека Трпчески ќе гостува во Охрид, секојдневно во нашата установа имаме јавувања од наши сограѓани кои се интересираат за купување билет додава таа. Билетите по цена од 200 денари ќе се пуштат во продажба веќе од понеделник на касата од Центарот “ објаснува Боцевска. На барање на Симон Трпчески и на организаторот, концертот ќе има хуманитарен карактер. Дополнително ќе биде одлучено за која цел ќе бидат донирани парите.
Концертот е подржан од Министерството за култура, охридскиот Центар за Култура и локалната самоуправа. Центарот „Григор Прличев“ затоплената сала ќе ја отстапи бесплатно, а обврска на Локалната самоуправа е обезбедување на концертно пијано и сместување на маестро Симон Трчески. Така концертниот клавир, марка Сеилер во сопственост на општината, ќе биде пренесен во Центарот за култура каде што Симон Трпчески ќе ја изведува музичката програма. Пијанистот ќе биде сместен во вила Денариус.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град