ПФМ не даваат информации за подготовките – зафатени се организираат маратон

На еден ден пред почетокот на охридскиот маратон, ПФМ не дава никакви информации.

 |  Маленкова Татјана  | 
ohridski plivacki maraton
охридски пливачки маратон

Дали е се подготвено за Охридскиот пливачки маратон? Колку пливачи ќе пливаат? Колку чамци ќе ги пратат? Кога ќе старува? Кој е наградниот фонд? Ова се само дел од прашањата кои ја интересираат јавноста пред почетокот на најголемата спортска манифетсација во земјава. Охриѓани се посебно поврзани со маратонот и заслужвуваат да бидат информирани како течат подготовките на маратонот. Но годинава посебно тешко се доаѓа до било каква информација, порада затвореноста и дрскиот однос на организаторот – Пливачката федетација на Македонија.

И покрај нашата упорност и постојаните контакти со Елена Илиевска од пливачката федерација, останавме ohridski plivacki maratonпокуси за одговори на прашањата, затоа што Илиевска на само два дена пред стартот на најголемиот меѓународен спортски настан кај нас, ни кажа да не ја вознемируваме, затоа што организирала маратон. Иако сметаме дека во 5 до 12 не се организира интернационален пливачки маратон, сепак бевме коректни и ги оставивме да работат. Но затоа пак контактиравме и со  локалната самоуправа од каде неодамна кажаа дека ќе направат се маратонот да се одржи и да не се наруши имиџот на Охрид.  Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски признава дека организациските проблеми на маратонот не се од денес и од вчера, туку од многу поодамна.  Џамтоски призна дека деталите за тоа со што и како ќе се вклучи општината во организацискиот дел најточно ќе се знае утре.

„Во текот на утрешниот ден е закажан состанок со преставници од пливачката федерација на Македонија на кој дефинитивно ќе бидат утврдени начините и обемот на помошта со која ќе се вклучи локалната самоуправа во организацијата на Охридскиот пливачки маратон. Во овој момент јас неможам прцизно да ви кажам со кои средства или со каква техничка помош, меѓутоа и во текот на денешниов ден се водат интензивни разговори, но верувам дека утре  ќе биде изнајден модул на кој начин и во колкав обем локалната ќе се вклучи во организација на Охридскиот пливачки маратон“, истакна портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

ohridski plivacki maratonИзнанадува и потегот на пливачаката федерација на Македонија што од организацискиот дел на Маратонот комплетно го исфрли клубот кој години наназад се водеше како коорганизатор на маратонот, и кој го влечеше на грб најголемиот организациски товар – Пливачкиот клуб Охридски бранови.  Портпаролот на локаланата не сакаше да ја коментира оваа одлука на пливачката федерација на Македонија.

„За воља на вистината  организатор официјален пред ФИНА – меѓународната пливачка федерација е пливачката федерација на Македонија. Тоа што изминатите години со право се јавуваше клубот од Охрид како под организатор или техничка подршка, беше потребно и нужно. Релацијата помеѓу пливачката федерација и охридскиот пливачки клуб, не е работа да ја коментира и отценува локалната самоуправа од Охрид. Во последен момент и во интерес на имиџот на оваа спортска манифестација, општина Охрид и заложбите на градоначалникот Бакрачески се сепак таа да се одржи на потребното ниво“, истакна Џамтоски.

Останува да видиме  што пливачката федерација на Македонија ќе ни пласира на пресс конференцијата најавена за утре и дали конечно ќе даде одговори на сите прашања.  
ТВМ неодамна објави дека локалната веднаш по завршувањето на 27 пливачки маратон, ќе покрене иницијатива  од следната година заедно со пливачката федерација да бидат органзатори на охридскиот пливачки маратон.  
Инаку Охридскиот пливачки маратон кој се плива на патеката Климе Савин од Св Наум до градското пристаниште долга 30 км е дел од 12-те трки во рамки на Гран-при серијата на Меѓународната пливачка федерација. Досега најголем број победи има бугаринот Петар Стојчев кој дури 11 пати прв пристигнуваше на целта. Годинава Стојчев нема да учествува.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top