Петрески реагира

Прилогот на ТВМ за смената на директорот на Охридската гимназија, ја разбранува јавноста.

 |  Татјана Маленкова  | 
Gimnazija
Гимназија

Прилогот на ТВМ за смената на директорот на Охридската гимназија, ја разбранува јавноста.

GimnazijaДенеска на иницијатива на нашата ТВ куќа за овој проблем проговори и градоначалникот Александар Петерски.

По обелоденувањето на информацијата за разрешувањето на директорот на охридската гимназија, Љубиша Мешановиќ, до редакцијата на ТВ М, низа реакции.

Со допис до редакцијата на ТВ М се огласи разрешениот директор. Во  неговото известување се потврдува и појаснува она што телевизија ТВ М го изнесе. Тоа е дека државниот просветен инспекторат извршил увид, во кон што како што стои во дописот цитирам: „Училиштето во двата уписни рока, слободните ученички места ги пополнило согласно одредбите од конкурсот за запишување ученици во прва година на Средното образование и интерните огласи за спроведување на истиот“.

Понатака во дописот сега разрешениот Мешановиќ ги отфрла обвинувањата дека е направен пропуст при запишувањето на учениците бидејки како што стои во дописот тој постапил според писменото барање од министерот за образование, од 03 септември 2009 год одобрено од раководителот за основно и средно образование Љупчо Спасовски и потпишано од министерот Никола Тодоров во кое се вели:
„Обаразовниот систем во Р Македонија овозможува хоризонатална и вертикална проодност во средното обрзование доколку во училиштето постојат слободни места. Согласно просторните капацитети, односно максималниот број од 34 ученици во паралелка и законот за изменување и дополнување на законот за средно образование  со кои средното образование стана задолжително, како и условите од конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2009/2010 година со кој се утврдува дека оние училишта кои не ги пополниле утврдените ученички места за запишување продолжуваат со запишување редовни ученици во училиштата“, стои во дел од известувањето на Мешановиќ.

Градоначалникот денеска со своја верзија околу проблемот со смената на директорот на Гимназијата.

„ Јас не го разрешив директорот за да го поставам Рилковски. Го разрешив затоа што требаше да биде разрешен.Дека ги има прекршено одлуките за прием на ученици, одлуките на училишен одбор се прекршени и мислам дека самиот директо не требаше да чека јас да го разрешем туку самиот требаше да се повлече. Тоа го очекувам и во иднина. Затоа што иамме обврска спрема сите деца, кои не успеаја да се запишат во Гимазијата и некои има фалеа пола или бод затоа што одлуките на одборот треба да се почитуваат“, вели Петрески.

Инаку во монентов Мешеновиќ,се жали пред второстепена владина комисија.Од нејзината одлука ќе зависи крајниот епилог, кој останува на првата позиција, а кој си оди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top