Претставниците на Европската Унија секогаш се добредојдени во Охрид, изјави градоначалникот Петрески, на денешната работна посета со Дамјан Седар политичкиот советник на Фуере.
Претставниците на Европската Унија секогаш се добредојдени во Охрид, изјави градоначалникот Петрески, на денешната работна посета со Дамјан Седар политичкиот советник на Фуере.
Секоја посета на политички претставници на Европската Унија е од голема важност за Охрид, смета првиот човек на градот Александар Петрески. Денеска работна средба со градоначалникот и охридските советници оствари Дамијан Седар, на која главен акцент беше ставен на состојбите во Охрид посебно во делот на децентрализацијата.
На средбата се очекуваше да присуствува Евроамбасадорот Ерван Фуере, но на неговото место дојде Дамјан Седар. Седар истакна дека во овој период предвидено е да се остварат разговори со сите 85 општини на ниво на Р. Македонија, и затоа со Фуере ги поделиле обврските.
Петрески рече дека средбите со претставниците на Европската Унија секогаш се важни за Охрид и верува дека точно тие ќе придонест преку нашиот град Македонија да се доближи до Европската Унија. Фуере ќе го очекуваме за десет дена, додаде Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град