Петрески повторно побара поставување на капетан на Охридската капетанија

Тој на власта и порача доколку немаат кадар за оваа позиција, истиот да го побараат во локалната во Охрид каде располагале со дури девет дипломирани сообраќајни инжењери.

 |  Мишел Наумоски  | 
kapetanija
капетанија

Уште една прес конференција на градоначалникот Петрески одржана пред Капетанија. Повторно побара од Владата што поскоро да биде поставувањето на новиот капетан на Охридската капетанија. Петрески вели дека за жал и покрај редовните апели до централната власт, ја добивме и првата жртва на дивеењето на скутерџиите, а капетанија и натаму нема прв човек. Момчето кое во неделата се здоби со тешки телесни повреди е само потврда за незавидната безбедносна состојба во Охридското езеро-рече Петрески.

Ohridska kapetanija„Токму за состојбите во Капетанијата, која е задолжена за езерскиот сообраќај, неодамна реагиравме, но по се изгледа залудно. Еве сега повторно апелираме до власта да ја среди ситуацијата во оваа институција и конечно да постави капетан. Сезоната е во полн ек, а капетанијата е без раководство и не е способна да ја извршува својата функција.“-рече градоначалникот Александар Петрески.

Градоначалникот Петрески со прашање до централната власт кога планирале да постават капетан на Охридската капетанија, им порача дека ако планот им е тоа да го сторат во Октомври, тогаш капетан не бил потребен. Покрај другото, Петрески стави замерка и на работењето на полицијата.

ezerska policija„Од друга страна, патролите на полицијата очигледно се недоволно присутни кога поединци успеваат да дивеат со скутери и да поминат незабележано. Јасно е дека забраната за скутери трае еден месец, но тоа не значи во останатиот период да владее хаос во езерото. Малку ни беше несреќата со „Илинден“ која стави црна дамка на безбедноста и туризмот во Охрид. Не ни доаѓа памет, па сега во сред сезона, Охрид е оставен без капетан на Капетанијата.“-вели Петрески.

Петрески вели дека патролите кои сега ги прави полицијата требало порано да се прават бидејќи уште пред десетина дена тој предупредил на можните последици. За крај градоначалникот и порача на Власта дека доколку немаат кадар за оваа позиција, истиот да го побараат во локалната во Охрид каде располагале со дури девет дипломирани сообраќајни инжењери кои веднаш би можеле да ја вршат оваа функција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top