Петрески се попишмани

Петрески дава нова шанса на концесионерот на паркинг простотот во централното градско подрачје. Градоначалникот понуди надминување на слабостите, а дали ќе дојде до раскинување на договорот и како, тоа засега останува негова тајна. Според него најважно е општината да добие а да не биде оштетена.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica1
седница1

sednicaГрадоначалникот Александар Петрески се попишмани. Останува неизвесно, дали ќе има или не, раскинување на договорот со концесионерот на паркинзите во централното градско јадро. Ставовите на советниците на охридскиот совет околу проблемите со паркинзите кои што во неколку наврати ги актуелизираше ТВМ, ги добивме пред и да започне 53 тата седница, на чиј што дневен ред се очекуваше расправа точно за тоа. „Денеска не видовме точка на дневен ред каде градоначалникот ќе го оствари своето ветување“, реагира координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој појаснува оти е изненаден од променливоста во изјавите на градоначалникот, кој според него,  самиот си признал кој ја направил штетата со паркинг просторите во оваа сезона, исто така признал дека проблемот е направен, како и тоа дека давањето на паркизите под концесија е неадекватно решение, а воедно и најави дека општината ќе си го земе назад управувањето со паркинзите.

„Денеска не добивме одговор зошто се повлече од неговата изјава и тоа остава сомнеж дека не се има чесни намери околу начинот на кој што ќе се работи со паркинзите во иднина. Тие нанесуваат штета и на граѓаните и на оние посебно кои што живеат и на туристите а секако и на превозниците од аспект на такси компании кои што се на недозволив начин задржани да си ги вршат своите такси услуги“-вели Паноски.

taksisti„Советниците на ВМРО – ДПМНЕ да не се грижат за тоа дали јас стојам на зборот или не, нека се грижат за тоа дали нивниот премиер и министри стојат на збор“, се правда градоначалникот Петрески.
„Сите слабости кои ги видовме во однос на организирањето на паркингот во централното градско подрачје сите тие слабости ќе ги отстраниме. И не само тие што ги видовме туку и други подобрувања на оваа седница ќе дадеме со можност  понатака да ги остстанам сите слабости и тоа ќе биде така“-додава тој.

Помалку затекнат, но информиран за проблемот со концесионерот на паркинг просторот во централното градско јадро, беше координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. Тој потенцираше дека нему како советник и експерт по сообраќај му било најважно  да не биде загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, да се овозможи непречено движење на динамичкиот сообраќај односно статичкиот да не биде пречка.

„Слушнав за таа работа на медиумите доколку е така тоа е судир на интереси и треба да реагираат надлажните органи. Јас ви реков репресивните мерки не се во рацете на локалната самоуправа се зане кој ги води репресаивните мерки во таа насока жалосно е ако е така“-смета Тунтев.

Мислењето на пошироката јавност како и на дел од политичарите  од градов е дека годинава Охрид потфрли во организација и менаџирање со паркинг просторот во централното градско јадро.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top