„Излегуваме подготвени за фер и демократски избори со чиста кампања“, порача кандидатот за градоначалник на опозициониот фронт „Сојузот на иднината“, Александар Петрески.
Комплетно сме подготвени за настап на овие избори, најави Александар Петрески, кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојузот на иднината“ кој од охриѓани ја бара довербата за трет мандат. Вечерва со митингот на градскиот плоштад Петрески презентирајќи ја својата изборна програма и официјално ја отпочнува битката за градоначалничката функција. Петрески рече дека Охрид заслужува да има убаво лице, а не грдо како синоќешната слика на митингот на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ, каде што според него имало се, само охриѓани не.
„Преку 300 автобуси беа присутни, се имаше на плоштадот само немаше охриѓани, дури службени возила на факлутетот „Гоце Делчев“ од Штип вчера беа тука присутни во Охрид. Дали е тоа фер и демократска кампања. Тотална злоупотреба и тоа директно од врвот на Владата на РМакедонија“.
Петрески исто така упати забелешка за начинот на водење на кампањата на ВМРО – ДПМНЕ. Тој обвини дека актуелнта гарнитура, води недемократска постапка околу кампањата
„Сите работи кои следеа пред почетокот на кампања, која беше отпочната и предвреме која е недозволива со закон со сите тие промоции исто така со посета на граѓаните од куќа на куќа каде што се делеа програми која во 90% е препишана од моите програми од она што имам направено или од она што веќе имам најавено дека ќе правам е тотално недемократски“ – обвинува Петрески
„Излегуваме подготвени за фер и демократски избори со чиста кампања“, категоричен е Петрески. Одговорниот на службата за односи со јавност, Дејан Блажески, побара коректност во информирањето, а од нивна страна вети транспарентност.
„Во секој случај посакувам една мирна, предизборна, пристојна кампања, каде што ќе ја надминеме досегашната реторика која што постоеше во изминативе изборни циклуси иако од она што го видовме синоќа тоа не значи така“ – изјави Блажески.
Изборната програма била изготвена, само градоначалникот не сакаше да открие детали околу составот на нивната советничка листа. Кратко појасна дека листата на советници од нивните редови ќе биде обелоденета во дадениот рок, ниту порано ниту подоцна. За крај Петрески изјави, дека на премиерот Груевски на вечерашниот митинг ќе му даде одговор на сите негови обвинувања упатени кон него.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град