Петрески: „Патиштата кон Охрид никој не ги чисти“

Градоначалникот јавно го искажа незадоволството од работата на ЈП Македонија пат.

 |  Маленкова Татјана  | 
cistenje na ulici i patista
чистење на улици и патишта

„Зимското одржување на патиштата, кон и од Охрид, како и внатре во самата општина“, тема на пресс конференцијата во локалната самоуправа.  Градоначалникот истакна дека загрижувачка била состојбата за време на празникот за Св. Климент Охридски, кога охриѓани и гостите за да дојдат во Охрид патувале и по 9 ,10 часа, по крајно небезбедни патишта, а ден потоа делегациите не можеле да си заминат поради непроодни патишта.

Петрески обвини на тотално несериозен однос на државата и фондот за патишта и Македонија пат кои се Petreski Alceзадолжени за одржување на патиштата и кои како што дозволуваат македонските мегистрали  да бидат во олку лоша состојба.  „Патиштата кон Охрид и онака се во лоша состојба, но овде се работи и за тоа што тие лоши патишта сега не се ни проодни“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

„Само еден споменик помалку да се направи, еве последниве 10, 15 милиони евра што се планираа за споменици и да се наменат за возила за одржување можеа да се купат  200 возила и машини за одржување на патиштата. Со тоа цела Македнија може комплетно да се одржува. Се работи за крајно несериозен однос  кој нас скапо не чини. Нас не ни треба само пред избори ветување дека ќе се прават патишта туку тие требаше досега да бидат изградени, а овие што ги имаме да се одржуваат да бидат проодни“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Петрески е категоричен дека неможе и несмее зимата да не изненади во декември.  Тој е категоричен дека спротивно на ова, општина Охрид е далеку поорганизирана кон чистотата на патиштата во Охрид.
Во интерес на вистината стапивме во контект и со директорот на Македонија пат подружница Охрид Јован Митрески. Тој ни кажа дека несмее да дава изјави за медиуми, и не преупати за информација да се обратиме во Македонија пат подружница Битола. Директорот во Битола Веселинчо Спасески, до затворањето на дневникот не одговори на нашите повици.  
Директорот на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алче вели дека „Она што загрижува е тоа што овие проблеми sneg cistenjeни сеповторуваат неколку години наназад. Минатата година повеќе од 200 часа  беше забранет за секаков сообраќај , патот Охрид – Скопје, и Охрид – Битола   а тоа да ни се случува во 21 век е срамно и недопуштливо“, вели Алче.

„Апелиравме и кон насочување на активностите на Македонија пат кон Охрид. Доколку на интернет се најават поголеми врнежи за овој период, многу е лесно возилата од Македонија пат од другите секции низ Македонија, за два часа може да се префрлат и да оперираат на овој простор. Жалосно е тоа што во 21 век. кога на инетрнет имаме до минута со каков интензитет ќе паѓа снег да имаме затворени патишта или да имаме колабиран сообраќај.  Во однос на она што ЈП го прави сигурно гледате за нас нема работно време на зима“, вели директорот на ЈП Охридски КОмуналец Сашо Алче.

Алче додаде дека ЈП е подготвено и со механизација и  со абразивни средства сол и ризла, за да справат и со многу поинтензивни врнежи од снег. Тој  додаде дека во ЈП се прават залихи од по 40 кубици песок, кои и при инстензивни врнежи од снег се доволни за 10 тина дена нон стоп да се работи. Алче појасна дека улицит во општина Охрид се чистат согласно програмата за зимско одржување на патишта според која најпрво се посипуваат патишата од прва категотија.
На пресс конференцијата градоначалникот откри дека денеска се недминал проблемот  и со МЗ Куратица, кои реагираа што локалната не ги чисти патишатата кон ова село. „Поради тендерески процедури не беше потпишан договор со изведувачот кој треба да ги чисти патиштата према Кратица, затоа што тоа не е обврска на Комуналец.  На подалечните места од Охрид избираме посебен оператор кој треба да чисти. Денеска   договорот е потпишан со фирма од Куратица   и со нивните машини ќе можат деноноќно да чистат“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top