На градот му се случува катастрофа, а охридскиот градоначалник е на прошетка низ Австралија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Го повикуваат на одговорност и бараат објаснување по кои критериуми ја составил делегацијата со која отпатувал за Австралија.
„Градоначалникот на Охрид со својата дружина заминува на одмор две недели во топлата Австралија и тоа во време кога целата влада со сите свои служби и капацитети му помага на градот да ги надмине состојбите со временските неприлики“, обвинува Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Координаторот пак на советничката група од оваа партија истакна дека остро протестираат поради злоупотребата и недоличното претставување на луѓето во таканаречената делегација на општина Охрид, за патувањето во Австралија, кои се претставени како членови на Советот на општината, а тоа не се.
Михаилов јавно запраша зошто на општинската веб страна на која секојдневно се чита за патувањата на градоначалникот Петрески, токму за оваа неодложна турнеја низ Австралија не стои ни збор. Исто така Михаилов побара одговор за тоа колку пари ќе ги чини граѓаните на Охрид прошетката низ Австралија и зошто со тие пари не се решени некои од огромниот број комунални проблеми. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека Петрески ќе мора да даде објаснување и за критериумите по кои ја составил делегацијата која го придружува на турнејата низ Австралија.Oд ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека Охрид ќе ја надмине и оваа криза, но се надеваат дека граѓаните ќе научат дека нивниот градоначалник избегал токму во моментите кога им бил најпотребен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град