Има ли комуникација помеѓу локалната и ОО на СДСМ која е матична партија на градоначалникот Александар Петрески. Додека портпаролот на локалната Томе Џамтовски тврди дека градоначалникот останува во Австралија, првиот човек на ОО на СДСМ спротивно на тоа вели дека Петрески со првиот авион се враќа назад.
Има ли комуникација помеѓу локалната и ОО на СДСМ која е матична партија на градоначалникот Александар Петрески. Додека портпаролот на локалната Томе Џамтовски тврди дека градоначалникот останува во Австралија, првиот човек на ОО на СДСМ спротивно на тоа вели дека Петрески со првиот авион се враќа назад.
Градоначалниот Александар Петрески ја прекинува посетата на Австралија и се враќа во Охрид. Ова денеска го потврди претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски.
„Во споредба со ВМРО ДПМНЕ, СДСМ отсекогаш знаела да разликува битно од небитно, важно од неважно и секогаш во интерес на граѓаните на Р. Македонија. И во конкретниов случај партијата сметаше дека е побитно градоначалникот да биде меѓу своите граѓани отколку реализацијата на официјлната и однапред договорена посета на Австралија. Ваквиот партиски став и образложението за приоритетноста на нештата се целосно прифатени од страна на градоначаникот и затоа посетата ќе биде прекината. Градоначалникот ќе се врати во земјава“, вели претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски.
Инаку прашањето околку посетата на градоначалникот на Австралија стана актуелно по вчерашната посета на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски на Пештани, по што на официјлниот сајт оваа партија излазе со заклучок дека Петрески треба веднаш да се врати во Охрид. Во продолжение на овој напис стои, цитирам:
“За СДСМ посетата на Австралија од страна на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески е негова голема и недозволива грешка во ваква ситуација. Ситуација во која се наоѓа целото крајбрежје на Охридското езеро. Градоначалникот Петрески треба да биде меѓу граѓаните на Охрид.
Од тие причини веднаш по добивањето на информацијата за посетата на Александар Петрески, Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок со кој побара градоначалникот веднаш да ја прекине посетата и во најкус временски период да се врати во Охрид“- завршен цитат.
Потсетуваме дека делегацијата која ја предводи градоначаникот во Австралија е составена од 8 членови. Според најавите на претседателот на СДСМ сите ќе се вратат во Охрид во најкус можен рок.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град