Најзначајната карактеристика во изборниот штаб на ДПМНЕ беше беше покажувањето на сила, рече Петрески.
Најзначајната карактеристика во изборниот штаб на ДПМНЕ беше беше покажувањето на сила, рече Петрески.
Оваа изборна кампања се разликуваше од било која досега. За нашиот изборен штаб најкарактеристична беше посветеноста на јавноста да и се претстави во целост мојата изборна кампања, рече кандидатот за градоначалник, Александар Петрески. Колку и да бевме провоцирани и навредувани од ДПМНЕ со крајни напори се трудевме да се одржи едно нормално ниво на комуникација.Од друга страна, најзначајно за изборниот штаб на ДПМНЕ беше покажувањето на сила.
ДПМНЕ со сила се обиде да ги убеди своите гласачи, активисти и партиски функционери дека Нанче е најпогодниот кандидат за градоначалник. ДПМНЕ со сила се обиде да го дистанцира од неговото поранешно партиско и политичко друштво. Веднаш по завршувањето на првиот изборен круг, ДПМНЕ со сила се обиде својот пораз на охридската јавност да и го претстави како победа, истакна на денешната завршна прес- конференција, кандидатот за градоначалник од СДСМ.
Партиските структури на ДПМНЕ со сила настапуваа кај граѓаните од врата до врата, оставајќи флаери, со отворени закани за нив и за нивните семејства, рече Петрески.
Кандидатот за градоначалник, со Коалицијата на еколошки и граѓански организации од Охрид потпиша Декларација за стратешки, еколошки урбанистички цели на Локалната самоуправа и Меморандум за соработка и унапредување на Граѓанското демократско општество на локално ниво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град