Петрески ќе донесе гасификација во Охрид

Петрески упати порака до Владата и ресорните министерства, навреме да преземат мерки за регулирање на нивото на водата во езерото кое веќе предизвикува штети. Додека пак Томислав Тунтев од советничката листа на здружената опозиција „Сојуз за иднината го презентираше проектот за гасификација од изборната програма, кој треба да се реализира во наредните 4 години, доколку ја добијат довербата на охриѓани.

 |  Николоска Биљана  | 
sojuz za idninata
сојуз за иднината

petreskiАлександар Петрески, Кандидатот за градоначалник на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ е загрижен за нивото на езерото. Тој упати порака до Владата и ресорните министерства навреме да реагираат, бидејќи водата на Охридското Езеро е над максималната кота и предизвикува големи штети.  Петрески вети дека уште денес ќе преземат активности за почеток на санација на Мостот на желбите.

„Знаете дека ноќеска од ветерот и водената маса дел од Мостот на желбите према Потпеш се сруши и еве јас сум тука не сум Австралија, меѓутоа повторно да не бидам јас одговорен ги повикувам ресорните министерства и ЕЛЕМ да ја испуштат водата према Црн Дрим за да недојде до поголеми штети“- изјави Петрески.

Томислав Тунтев кандидат на советничката листа на здружената опозиција, се осврна на проектот од изборната програма за гасификација. Тој потенцира дека Владата на ВМРО – ДПМНЕ енергетската иднина на земјава ја направи неизвесна и дека над 30% од потребите за потрошувачка на електричната енергија се задоволуваат преку увоз.

tuntev„Во изминатите 10 години за увоз на електрична енергија Рмакедонија потроши безнмалку една милијарда евра. Таквиот неконтролиран увоз на електрична енергија нема да може да се издржи уште долго. Покрај енергетската неизвесност, континуираното покаќување на цената на струјата и на другите енергенси има катастрофално влијание врз конкурентноста на македонската економија и на стандардот на граѓаните. Поради објективната неможност да ги покријат своите месечни сметки за електрична енергија, голем број од нашите граѓани не се во можност да ги плаќаа своите месечни сметки за испорачана електрична енергија, затоа што Владата на ВМРО – ДПМНР ги доведе во безизлезна финансиска состојба“– вели Тунтев.

Тунтев рече дека проектот за гасификација, Локалната самоуправа ќе го спроведе во наредните четири години на јавни институции, стопански објекти и домаќинства во општина Охрид и тоа во пет фази. Според Тунтев  овој проект може да се реализира и финансира со средства од општинскиот буџет со почетна инвестиција од 1 милион евра.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top