Високите цени кои ги понудија хотелските работници според градоначалникот на Охрид се причина за слабата туристичка сезона. Хотелиерите пак велат, цените не се високи, градот нема визија како да развива туризам.
Високите цени кои ги понудија хотелските работници според градоначалникот на Охрид се причина за слабата туристичка сезона. Хотелиерите пак велат, цените не се високи, градот нема визија како да развива туризам.
Туристичката сезона која помина според оценките на охридскиот градоначалник е послаба од ланската. За тоа има повеќе фактори од кои Петрески ги издвојува високите цени кои ги понудија хотелиерите во градов. Тој вели дека менаџерите на хотелите треба да се подзамислат што прават и за наредново лето да ги корегираат цените ако не сакаат нивните објекти да останат празни.
Хотелиерите пак не се согласуваат со ваквото мислење на градоначалникот. Тие велат дека сместувачките капацитети имаат понуди за сечиј џеб. Цените за едно ноќевање се движат од 8 до 88 евра. Овие цени не можe да се корегираат бидејќи цените на нафтата, струјата и прехрамбените производи постојано растат, вели Дончо Танески сопственикот на хотелот „Дончо“ и претседател на ХОТАМ.
Танески кажува дека според првичните проценки во Охрид во шпицот на сезоната имало околу 30 000 гости. Најголемиот дел од нив биле од земјава, а од странство најзастапени биле туристите од нашиот северен сосед. Оваа сезона за прв пат имавме и гости од Израел кои доаѓаа во континуитет уште од месец април, а Танески вели дека ќе има тури се до средината на октомври. Тој потенцира дека во туризмот веќе нештата се движат по нагорна линија, но додава дека централната, а пред се локалната власт треба уште многу да работат на подобрувањето на Стратегијата за развојот на туризмот.
„Цените не се високи доколку градот има што да им понуди на странците“, дециден е Танески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град