Петрески ќе побара помош од премиерот на Бугарија Бојко Борисов. Оваа одлука доаѓа по низата укажувања на градоначалникот за критичната ситуација во која се наоѓа Охрид, а за кои, според него, централната власт нема слух.
„Градот и езерото, не им припаѓаат само на Охриѓани и на Македонија, туку тие се светско културно наследство, за кое треба да се грижи целиот свет. Кога оценав дека Владата не се грижи доволно за нас, побарав помош од соседите“, вели градоначалникот Александар Петрески, посочувајќи ја незавидната економска состојаба на балканскиот бисер.
„Не ми е важно од каде ќе дојде помошта, важно е да дојде до инвестиции во Охрид, а со тоа и до решение на нашите проблеми“, додава Петрески.
Градоначалникот уште еднаш укажа на фактот дека со премиерот и владата разговараат исклучиво преку прес конференции. На овој начин начин никогаш нема да може да ги решиме приоритетите за Охрид, додаде градоначалникот. Актуелнава состојба со водостојот на езерото, како и со зголемените поплави од подземните води низ градските населби, се само уште еден доказ за негрижата на централната власт. Додава дека, надлежноста за патниот правец Охрид – Св. Наум и за езерото е во рацете на Владата на Р. Македонија, а не во Локалната самоуправа.
Петрески потенцираше дека неодамнешните разговори кои ги имал со бугарскиот премиер Борисов и неговата заинтересираност за Охрид го навеле на размислување дека токму него може да му се обрати за помош во ваква кризна ситуација.
Градоначалниот укажа на фактот дека стравува од можноста, поради обилните врнежи, да се распадне и 10- милионската инвестиција на Локалната самоуправа, вложена во изградбата на колекторскиот систем.
„Доколку навреме не интервениравме со тампонирање на цевките, со околу 4000 метри кубни тампон на критичниот дел од Метропол до Пештани, досега езерото ќе ги проголташе и нив. До ваква ситуација во никој случај не смее да дојде, поради тоа што тогаш во опасност е целиот еко-систем на езерото.“- вели Петрески.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град