Нови спортски сали во основните училишта и поголем број на стипендии за студентите вети кандидатот за градоначалник Петрески.
Нови спортски сали во основните училишта и поголем број на стипендии за студентите вети кандидатот за градоначалник Петрески.
Тој ја промовираше изборната програма во делот на образованието. Упати и четитки за новите вработувања во здравствените институции.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески на прес конференција ја промовираше изборната програма во делот на образованието. Петрески истакна дека по влегувањето во 2 фаза на децентрализација општината ќе се заложи за зголемување на платите на вработените во образованието и детската заштита за 10 насто. Вети дека ќе го зголеми бројот на студенските стипендии, ќе го модернизира воспитно образовниот процес, ќе изгради фискултурни сали во 5 основни училишта. На прес конференцијата Петрески упати и честитки за новите вработувања.
Портпаролот на ОО на СДСМ, Лидија Апостолоска за колегите од прес центарот на ОК ВМРО ДПМНЕ, кажа дека се користат со необјективни, неаргунетирани и непрофесинолани вербални напади упатени до кандидатот за градоначалник Петрески. Апостолоска кажа на прес конференциите започнуваат со препознатлива стратегија, со дрвја и камења по градоначалникот.
Портпаролот на ОО СДСМ, Лидија Апостолоска рече дека нема да наседнуаваат на ваквите провокации и нема да се занимаават со недостојни и непримерни изјави. Изборната кампања која ја води ОО НСДП , Петрески ја отцени како позитивна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град