Петкоска: Проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени

Недозволиво е недомаќинско работење на локалната власт и директорот на МЈП „Проаква“ Владимир Алексијоски за една општина којашто е заглавена во долгови за кои течат камати на дневна основа, обвинија денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со обвинувања за недомаќинско работење до локалната власт и  директорот на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“, Владимир Алексијоски.   Дали е во ред да потрошат преку 100.000 евра пари на граѓаните за да поделат К-15 на вработените додека охриѓани мака мачат со основните потреби за живот? – праша денеска на прес конференција Лидија Петкоска, градски советник  и претседателка на УЖ ОК Охрид.  Парите се потрошија, а проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени, кажа Петкоска.

„Зошто им го ускративте тоа на жителите на улиците „Абас Емин“, „Бекир Али Риза“ и дел од „Македонски просветители“ коишто мака мачат цело време со водата? Жителите од Стар град, Кошишта и улицата „Кирил и Методиј“ очекуваа решавање на проблемот со водата, а не цела сезона заедно со туристите да се соочуваат со немање притисок и да остануваат без вода.“ – кажа Петкоска.

Петкоска посочи дека сеуште не е решен проблемот со водоснабдувањето  на жителите од Лескоец, Лакочереј, Подмоље и Ливоишта.

 „Локалната власт зема лош пример и учи од централната која пак наместо одобрување на системот за третман на отпадни води за сите населби во сливот на Охридското Езеро со ребалансот крати 186.500.000 денари на име проект за водоснабдување и одведување на отпадни води.“
Петкоска обвини дека граѓани кои плаќаат даноци на овој град сè уште немаат вода за пиење во 21 век.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top