Решавањето на проблемот со бездомните животни во Охрид остана само класична предизборна приказна и лага на власта на СДСМ, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Од таму на прес конференција уште еднаш прашаа зошто не функционира стационарот на Мауцкер а од надлежните побараа откривање и санкционирање на трујачите на бездомни кучиња.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција обвинија дека хуманиот третман на бездомните животни остана само лага на власта на СДСМ, градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски.
„За тоа сведочат потресните фотографии и видеа кои ги објавуваат граѓаните. Искасани граѓани, отруени, болни, тепани и убивани животни на улиците во општина Охрид. Наместо градење стационар, имаме револтирани и беспомошни граѓани.“ кажа Лидија Петкоска, претседателка на Унија на жени ОК Охрид и советничка во Советот на општина Охрид.
Петкоска праша зошто и покрај одлуките на Совет и обезбедените 1,300,000 денари средства од општинскиот буџет сѐ уште не профункционира стационарот на Мауцкер. И покрај шинтерската служба, спроведени тендери за ветеринарни услуги, услуги за дезинфекција и дератизација, снабдување храна за кучиња и обезбедување на превозни средства за заловените кучиња решавањето на проблемот со бездомните животни остана само класична предизборна приказна, кажа Петкоска.
“Директорот Грданоски наместо да го игнорира овој проблем веднаш да си поднесе оставка.Ако Грданоски тоа не го стори, тогаш градоначалникот Георгиески да го разреши затоа што само така ќе докаже дека се грижи за Охрид да остане во УНЕСКО, за Македонија да оди во ЕУ и за хуманиот третман на бездомни животни да биде на европско ниво.“ – рече Петкоска.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ ги повикуваат надлежните институции да ги откријат и соодветно да ги санкционираат сторителите на грозоморните труења на бездомни кучиња во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град