Пиротехничките средства, неизоставен дел од новогодишните празници

Службите од СВР секојдневно вршат засилени контроли со цел пронаоѓање на пиротехничкиte производи. Од таму ветуваат дека ќе имаме безбедна новогодишна ноќ.

 |  Јаковлева Лионела  | 
svr
свр

 

Звукот на петардите по се изгледа ќе го одбележат и овој дочек на Новата година. Деновиве насекаде по градов може да се слушне како некој се забавува пукајќи со овие опасни пиротехнички средства. Поради тоа од Секторот за внатрешни работи Охрид вршат интензивни и засилени  контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање на овие пиротехнички производи.stefan dimoski
Деновиве акции беа изведени во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, при што беа пронајдени и одземени околу 28 000 парчиња најразновидни петарди и низа други  пиротехнички средства нелегално набавени и наменети за понатамошна продажба. Најголемиот дел од нелегално поседуваните пиротехнички средства биле сокриени во подрумски и други простории по домовите а помал дел во продавници за продажба на прехрамбени производи и во патни торби, вели Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.

Против сите правни и физички лица каде е пронајдена нелегалната пиротехника, СВР Охрид ќе поднесе соодветни прекршочни и кривични пријави. Од секторот тврдат дека Новогодишните празници ќе поминат во мирна атмосфера. Безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво. Со засилени патроли ќе се обезбедува централното градско подрачје каде ќе има организирана прослава.

Сообраќајната полиција ќе дежура на посебни пунктови поставени на критичните места кои водат кон хотелските објекти каде се очекува да има поголем број гости, а полициски службеници ќе има и близу рестораните, кафулињата и дискотеките како би се овозможила безбедна и мирна новогодишна ноќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top