„Петар Пан“ ќе го освежи градското културно затишје

По долго затишје во културното живеење на охриѓани, првото  театарско освежување ќе биде в среда, со  детската претстава „Петар  Пан“,  во режија на Ташко Лаброски.

 |  Валентина Неловска  | 
dom kultura
om kultura

NU Dom na kultura Grigor PrlicevПо долго затишје во културното живеење на охриѓани, првото  театарско освежување ќе биде в среда, со  детската претстава „Петар  Пан“,  во режија на Ташко Лаброски. Претставата е заедничка  соработка на Центарот за култура „Григор Прличев“ и  театарската детска работилница „Мулти-Култи“ вели директорката на центарот, Драгана Боцеска. Во периодот што претстои таа најави нови културни содржини, за кои охриѓани чувствуваат потреба. Боцеска за досегашното културно затишје објасни дека тие и досега се обидувале да донесат театарски престави од Скопје, но тоа досега не им успевало, заради немање пари. Цената за една претстава на театрите чини од 70.000 до 100.000 денари, па и повеќе објаснува Боцевска.
Центарот за култура ја има поддршката од ресорното министерство,  па се очекува големите театри од Скопје да гостуваат со претстави и во внатрешноста на земјата, меѓу кои и во Охрид.
Центарот за култура, преговора гостување на скопскиот Драмски Театар, во мај,  со комедијата „Умри машки“, во режија на Коле Ангелоски, информира  Боцевска.
Од „Кино Милениум“, пак, ќе се преземаат најновите филмови кои се прикажуваат таму за да им бидат достапни и на охриѓани најавува директорката на Центарот, Драган Боцевска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top