Пет лица повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Опеница

Пет лица се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 17.35 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај селото Опеница.

 |   | 

Пет лица се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 17.35 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај селото Опеница.

Во несреќата учествувале три возила: автомобил „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(61) од Битола, автомобил „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Р.Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „тојота“ К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид – информираат од СВР Охрид.

Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top