Ова е единствен спортски објект изграден на потегот од Пештани до Св. Наум. Конечно учениците ќе имаат каде да спортуваат, вели Зоран Целески, директор на училиштето Св.Наум Охридски.
„Спортот и часот по физичко образование значат здравје, нешто што треба да се негува како најголема вредност на денешницата. Големиот недостиг на спортски реквизити, временските услови и многу други неприлики од денес нема да претставуваат препрека за учениците да можат слободно да спортуваат“, вели директорот Целески.
Градоначалникот Александар Петрески, видно задоволен што салата е конечно готова и што заложбите на локалната за здрава младина која се повеќе ќе се вклучува во спортот се реализираат како што планираат. Тој е категоричен дека салата во Пештани е пример од кој Владата треба да научи што е капитална инвестиција за една општина.
„За мене капитална инвестиција се оние кои ги бараат граѓаните, а граѓаните од мене бараат да имаат подобри услови за живот , подобри услови за работа за мене капитална инвестиција е колекорот кој се заврши пред неколку години спортската сала во Пештани е капитална инвестиција салата во Григор Прличев, Гимназијата, улиците, осветлувањето и она она што има задача да го прави градоначалникот“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески .
На свеченоста во Пештани денеска присуствуваше и престедателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој исткна дека посебно е горд што на овој голем празник е во Охрид.
„Делотото на Св. браќа Кирил и Методи е клучното на кое се потпира нашиот национален идентитет и тоа оној дел кој од никогаш не е успоруван и од секого е признаен. Мислам дека денеска со гордост низ Европа можеме да кажеме дека сме македонци тоа да ни го признаат и испочитуваат“, истакна претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Спортската сала во Пештани се гради точно една година. Камен темелникот беше поставен на 20 мај 2011 год. Салата се изгради со средства од локалната самоуправа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град