Пештани доби летна дежурна служба

Пештани доби летна дежурна служба за примарна медицинска заштита. Станува збор за отварање на помошен пункт што ќе работи само за време на летната туристичка сезона. Надлежните не се откажуваат од идејата да се најде трајно решение, односно оваа локација да си добие и постојан матичен лекар.

 |  Николоска Биљана  | 
bolnica pestani
болница пештани

bolnica pestaniВо туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова.

„Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари и токму Пештани практилно од еден празен објект или регион кој што во изминатите месеци не функционираше а со тоа висеше и цело население сега почнува да функционира на задоволство на целото население но и на туристите. Овој пункт ќе дава следни можности, да биде итно прегледан било кој осигуреник, за медицински потреби дали е тоа температура, главоболка, повраќање, доколку има потреба ќе му биде препишана терапија“ – вели Змејкова.

Причината поради која што цели девет месеци оваа амбуланта не функционираше, е тоа што докторката која што работела тука ја откажала концесијата, вели Митко Дабески директорот на Здравствен дом Охрид. Тој додава дека не се откажуваат од идејата да се најде трајно решение, односно оваа локација да си добие и постојан матичен лекар

„Сега овој летен период ќе функционираме на овој начин како што кажа директорката од Фондт а за наредниот период јас мислам дека после од септември дека и оваа амбуланта ќе ја издадеме исто така да се покрие амбулантата и во Трпејца и Љубаништа“ – рече Дабески.

bolnica pestaniНа позитивна иницијатива на највисокото раководсктво на Фондот на здравство беше согледан проблемот дека има непокриеност на ова подрачје, вели д-р Љупчо Костески. Додава дека од истите причини во разговор со матичните доктори и Здравствен дом бил постигнат договор, ова подрачје здравствено да биде обезбедено во летниот период и понатака.

„Сега матичните доктори ќе држат смени така да тие сабота и недела ќе го покриваат ова подрачје. Опремата целосно е обезбедена има ЕКГ уред има се што е потребно“ – вели Костески.

Како што истакна директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, во новиот пункт во Пештани ќе работат матични лекари, кои ќе можат да препишуваат 17 генерики, односно 127 заштитетни имиња на лекови. Пунктот ќе работи од понеделник до петок во една смена, од 08 до 14 часот, а за време на викендите, кога напливот на туристи е зголемен, тој ќе работи во две смени, од 08 до 20 часот. На официјалното отварање на летната дежурна служба во Пештани покрај првиот човек на ФЗОМ, присуствуваа и раководителите на подрачните единици од Струга и Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top