Песна и радост донесоа младите на геријатриското одделение

Десетина ученици активисти на Црвениот крст Охрид, со песна и оро внесоа живост во секојдневието на лицата, сместени на геријатриското одделение при Општа болница Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
starica
старица

Десетина ученици активисти на Црвениот крст Охрид, со песна и оро внесоа живост во секојдневието на лицата, сместени на геријатриското одделение при Општа болница Охрид.

Ева Бочева,  пет години е штитеничка на ова одделение.Таа  вели „ посетата на децата ме веселит и срцето мие радосно. И јас  некој пат сум играла во тетар и сум била на Хвар“.

Учениците од основното училиште „Братство-Единство“ се дружеа со штитениците и ја одбележаа неделаат на старите лица.Тие под раководство на нивните наставнички Елизабета Здравеска и Јованка Љаткоска изведоа музичка програма и кратка пиеса.

gerijatrijaВо центарот за геријатрија, во моментов се сместени 24 лица кои се под постојана нега и грижа од медицинскиот персонал. Месечно, за сместување на ова одделение тие издвојуваат 15.000 денари.  Д-р Севим Селим, раководител на одделението потенцира дека условите сега се навистина убави  и може да пружат медицинска нега, но и да им обрнат внимание, разговор и прошетки на старите лица“. И покрај добрите услови кои ги имаат штитениците во Центарот, сепак градот има потреба од проширување на сместувачкиот капацитет. Неопходна е изградба на  Дом за стари лица. „Локалната самоуправа и државата треба да најдат простор  и инвеститор кој би вложил во Дом. Бенефит ќе имаат старите лица,   ивеститорот и градот со отварање на нови работни места вели Сашо Точков,претседтел на општинскиот  Црвен крст.

„За Сончева есен на живото“ е мотото со која се одбележува Неделата за  стари лица, а утре продолжува изборот  на најстар жител -жителка и брачен пар со најдолг брачен стаж. Ќе бидат објавени и најдобрите поетски и ликовни творби  на учениците од сите општински училишта кои конкурирале на темата „Баба и дедо кои ги сакаме“.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top