Пештанци пресекоа, не го сакаат Рибниот ресторан

Месната зедница на селото Пештани на состанок со присуство на над 150 жители усвоија едногласен заклучок по неколку прашања од заеднички интерес. Пештанци на  заедничкиот собир пресекле, Рибниот ресторан на нивниот плоштад како нелегален објект изграден во 1987 година, да се сруши.

 |  Валентина Неловска  | 
Riben restoran
Рибен Ресторан

Riben restoranМесната зедница на селото Пештани на состанок со присуство на над 150 жители усвоија едногласен заклучок по неколку прашања од заеднички интерес. Пештанци на  заедничкиот собир пресекле, Рибниот ресторан на нивниот плоштад како нелегален објект изграден во 1987 година, да се сруши. Според жителите тогашната месна заедница дала одобрени на ова место да се подигне зимовник за плашици, а не Рибен ресторан. Членот на месната зедница Иван Локоски, нагласува го нема некогашниот сопственик  Охридска Пастрмка, па сега да го снема и  објектот, просторот да биде шеталите и да се отвори поглед кон  Охридското езеро“.
Пештанци, покрај ова барање ќе се обидат да го вратат и узурпираниот паркинг простор кој што сега го користи хотелот  Десарет. Покрај ова сакаат слободно да го користат езерското крајбрежје кон месноста Чеира кое во моментов тоа им го попречува хотелот со поставената ограда  укажува Локоски.Нагласува хотелот Десарет  може да постави ограда само до тревникот.
Едногласните заклучоци од  состанокот на месната заедница им се доставени на увид на сите пештанци кажува Локоски. Очекуваат подршка со потпис и од останатите нивни соселани кои  се согласуваат со нивните барања. Понатака заклучоците ќе бидат проследени до охридските советници и до секторот за урбанизам. Преку анкетните листови забелешките ќе ги стават на знаење до понатамошните институции во процедурата за донесување на урбанистичкиот план за оваа туристичка населба.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top