Пештанци пред нацрт верзијата на урбанистичкиот план

Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители.

 |  Валентина Неловска  | 
nacrt plan
Нацрт план

Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители. Со планот е предвидено проширување на населбата со околу 700 нови градби. Пештанци на јавната дебата се интерсираа за инфраструктурата и за градбите од лична природа, но  се произнесоа и за објектите од заеднички интерес. Побараа хотел Десарет да ги врати 14-те метри узурпиран простор покрај езерскиот брег сопственост на РМ како  слободна патека за пешачење кон авто кампот Градиште. Силни реакции од пештанци има и за дислокација на рибниот ресторан кој како што велат е бесправно изграден на узурпирано селско земјиште во 1987 година. Начелно било дадено одобрение од месната заедница на Охридска Пастрмка да се изгради зимовник за плашици, а не за ресторан кој сега го користи приватно лице вели Ѓоре Танасоски.  
nacrt planГраѓаните добија ветување од секторот за урбанизам и просторно планирање  дека ќе им бидат удоволени сите  забелешки на пештанци за кои има законска основа. Изработувачот на планот кој на тендер ја доби изработката на урбанистичкиот план, Трајче Грков објасни дека со урабанистичкото уредување  ќе се решат сите проблеми  на жителите. Водено е сметка Пештани да добие амбиент на урбана туристичка населба. Предвидени се  трговски центар на површина од 2400 м квадратни, марина и решавање на проблемот со паркинг просторот и  селските гробишта.
Пештанци ставија забелешка зошто во планот не е предвидена изградба на детска градинка и зелен пазар. Одговорот на проектантот за детската градинка беше дека Пештани е туристичка населба која гравитира кон Охрид и не е воможно да се предвиди капацитот. Грков за зелениот пазар, пак кажа дека се предвидени продажни места во други деловни простори. Сепак, како и да е жителите можат забелешките да ги достават во анкетни листови, за да бидат усвоени истакна и градоначалникот Петрески.
14 –ти октомври е крајниот рок до кога  Пештанци можат д а ги произнесат своите забелешки во  анкетните листови, и да ги достават  на шалтерот  за урбанизам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top