Овојпат потпретседателoт на владата Зоран Ставрески отиде лично да се запознае со проблемите кои ги мачат овие луѓе. Друштво на Ставревски во Пештани му правеа дел од Загрижените граѓани од саботата.
Нова посета – нови ветувања. Владата деновиве ќе испрати неколку пумпи за црпење на водата од поплавените подруми и куќи во Пештани. Ова денеска по средбата со жителите на оваа туристичка населба, го најави потпретседателот на владата Зоран Ставрески. Тој уште истакна дека ситуацијата во Пештани не е критична , но е сериозна. Потпрестседателот на владата не беше запознаен со новиот момен, поточно враќањето на градоначалникот во Охрид.
По увидот на пештани, Ставрески кажа дека Главен проблем е во неизградениот колектор. Знам дека и тука градоначалникот Александар Петрески и Бранко Црвенковски ветиле дека ќе го направат пред изборите, но тоа не го сториле.
Присуството на потпрестесдателот на владата новинарите го искористија и за да добијат одговор на уште неколку битни прашања, меѓу кои дали ќе има ребаланс на буџетот. „Приходите се во рамките на очекувањата, па поради тоа јас сметам дека нема потреба од ребалан на буџетот. ребаланс нма да има наскоро, додаде Ставрески. Потпреседателот на владата го даде и својт став во врска со оние вработени во државниот сектор кои сеуште се на договор на дело.
Јавниот сектор се соочува со наследени проблеми, а тоа е луѓе работат со привремени договори, а на работното место се неколку години. Заедно со валадата ќе се залагам во 2010 год. сите кои имаат договори на дело, истите да им бидат трансформирани во трајни, додаде Ставрески.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град