Физичките препреки, жардењерите, ноќеска несовесни граѓани ги отстраниле, за утрово надлежните пак да ги постават. Екипи на СВР ги бараат виновниците.
Патеката од мостот до хотелот Парк е пешачка патека. Ова беше неодама договорено помеѓу локалната и СВР Охрид. Овој договор очигледно некому му смета. Синоќа физичките препреки несовесни граѓани ги отстраниле. Потрпаролот на СВР, Стефан Димовски, вели дека се е фотографирано и докумнтирано, и уште додава дека надлежните работат на откривање на сторителот на делото, за кого ќе следи и соодветна пријава.
Инаку оваа зона, по барање на СВР Охрид беше назначена како пашачка пред околку две недели, по што мостот кај каналот се подигна и беа поставени соодветни собраќајни знаци и физички препреки. Димовски вели дека сообраќајната полиција постојано ќе следи кој врши прекршување на одредбите на законот, по што за прекршителите ќе следат и соодветни пријави.
Инаку патеката од Мостот до хотелот Парк кај Охриѓани позната како пешачка патека според деталниот урбанистички план на Охрид е сообраќајница, со две коловозни ленти и зелен појас во средишниот дел, но во неможност во моментов да се реализира планот патаката ќе функционира како пешачка. Оваа одлука години наназад како таква била изгласувана и подржувана од советниците со носењето на летниот режим на сообраќај. Но годинава на иницијатива на СВР многу побрзо се спречи движење на моторни возила по истата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град