Пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва повторно цел на вандали

Искршени и искорнати канделабри, уништени клупи, оштетен плочник е сликата од пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва. Од кога патеката е направена, постојано се уништува. Лоакалната ги санира штетите, но тоа не е решение.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва повторно цел на вандали. Искршени и искорнати канделабри, уништени клупи, оштетен плочник е сликата поради која изминативе денови поголем број на граѓани реагира споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Од локалната самоуправа велат дека навистина се запрепастени од несовесноста на некои граѓани. Од кога патеката е направена, постојано се уништува. Лоакалната ги санира штетите, но тоа не е решение. СЕ прават непотребни трошоци, се фрлаат пари кои впрочем се на самите граѓани.
Воопшто не е важно колку ќе ја чини тоа општината. Дали ќе се тоа пет, шест или десет илјади денари, но многу е поважно дека тоа се повторува. Мора да научиме дека треба да го чуваме тоа што е општо добро и да не го уништуваме, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.
Патеката започна да се прави уште пред четири години со средства од европските фондови. Но уште 30тина метри останаа недовршени. Ставени се изолациите за канделабрите и сите подготовки се завршени, но сеуште не може патеката да се доуреди. Од локалната велат дека причината не е немањето пари.
Има тука некои имотно правни пречки кои треба да се надминат и Локалната работи на тоа. Патеката ќе биде направена, но нас не загрижува несовесниот однос кон неа и вандалското однесување на некои граѓани, вели Џамтоски.
Од Локалната се надеваат дека во скоро време ќе се изнајде заедничко решение со сопствениците на земјиштето каде поминува крајниот дел од оваа рекреативна патека и дека таа ќе биде дозавршена како овој проект би добил една целина. А околу нејзиното одржување и заштита повикуваат на совеста на граѓаните, но и на соработката со СВР Охрид од кои ќе побараат на оваа патека во ноќните часови, посебно во летниот период кога има и поголема раздвиженост, да има позачестени патроли.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top