Перунковски и Бошев се најдобрите коктел мајстори во Македонија

Методи Перунковски е прогласен за најдобар бармен во Македонија.  Со коктелот „Selfie“ тој ја освои првата награда на осмото државно првенство на бармени, кое се одржа во кафебарот Ликвид Охрид. Оваа награда е круна на неговата 10 годишна кариера во Казиното Фламинго, Гевгелија.

 |  Николоска Биљана  | 
barmeni
бармени

barmeniЕкспериментирајќи со разни пијалаци и овошја, како и користејќи различни техники при приготвување вкусни коктели, вчера заврши осмото државно првенство на бармени. Во најдобро светло, според оценката на стручното жири кое специјално за ова првенство пристигна од Црна Гора, се покажа гевгеличанецот Методи Перунковски. Тој ќе ја претставува нашата земја на светското првенство во Софија, Бугарија. „Го достигнав врвот на моето барменско работење“ –  возбудено изјави Перунковски.

„Секој бармен би посакал да ја претставува Македонија на светското првенство, заради тоа што таму се бара голема професионалност и прекрасно е чувството да бидеш таму меѓу учесниците од целиот свет“ – вели Перунковски.

barmeniВторото место му припадна на  Никола Јосески од Струга а третото на Васил Пеевски од Скопје. За жал, охридските бармени кои учествуваа на државното првенство не освоија награда, иако се покажаа во одлично светло. Покрај класичното подготвување коктели, на манифестацијата можеше да се погледне и флертендинг – подготвување на коктели со разни акробации и жонглирања со шишиња и чаши. Како единствен натпреварувач во оваа категорија се појави кавадарченецот Александар Бошев, кој ја воодушеви публиката со својот перформанс . И тој, заедно со Методи  заминува на светското првенство во Софија.

„Многу ми е драго што учествував на натпреварот со флербартендинг, со оваа атрактивна дисциплина се занимавав 10 години, некогаш бевме многу повеќе натпреварувачи, за жал  денес останав сам во оваа конкуренција заради тоа што професијата е дефицитарна во нашето подрачје и состојбвата е таква да сите со во странство по заработка“ – изјави Бошев.

barmeniБошев е еден од бармените кој  својата егзистенција ја обезбедува надвор од земјата, поточно во Хрватска. Причината за неговото заминување е лошата економска состојба во земјава, како и немањето можност за пристојна заработувачка  

 „Состојбата е таква, посебно што оваа професија е слична на спортистите, се работи во млади години……Тоа значи дека во тој временски период пожелно е човекот да се ситуира за да може понатака да работи и живее. Платите на запад се далеку повисоки во туризмот…. инаку Охрид сите си го сакаме и ако малку се подобрат условите секој би сакал да работи во својата земја“ – истакна Бошев.

Првонаградениот Перунковски на оваа тема е со дијаметрално спротивен став.

„Мислам дека не е поентата само да излеземе надвор од Македонија, заради тоа што од нашето искуство треба доста млад кадар да научи нешто “– вели Перунковски.

Синоќа, на доделувањето на наградите на осмото државно првенство на бармени, атмосферата во кафе барот Ликвид беше навистина прекрасна. Менаџментот и персоналот се погрижија за одлична дружба, дегустација, забава. Инаку, настанот беше во организација на Здружението на бармени на Македонија, кое за прв пат се случи надвор од Скопје.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top