Најавата од Фондот за здравствено осигурување за заострување на начинот за препишување на лековите од позитивната листа ги вознемири пензионерите. Тие како најзасегната категорија регираат дека со овој начин на снабдување со лекови, нивното право на лекување е доведено во прашање.
Најавата од Фондот за здравствено осигурување за заострување на начинот за препишување на лековите од позитивната листа ги вознемири пензионерите. Тие како најзасегната категорија регираат дека со овој начин на снабдување со лекови, нивното право на лекување е доведено во прашање. На построгиот режим на препишување лекови реагира и Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Од таму најавуваат дека многу скоро ќе излезат со свој став, по состанокот на Комисијата за здравствена заштита. Претседателот на Здружението на пензионери , Ѓорѓи Трпчески вели „Не добиваме здравствена заштита како што заслужува оваа популација која е и најголем корисник на лекови од хронични заболувања. Затоа со најновите мерки на Фондот ќе се најдеме во уште потешка ситуација“.
Според најавите од Фондот, хроничните болни ќе може задолжителната терапија да ја купат само ако на рецептот од матичниот лекар, на задната страна, е назначено кој специјалист или супспецијалист го препишал лекот. Оваа одлука ги огорчи и матичните лекари кои во моментов се оставени сами на себе, немаат ниту синдикат ниту Здружение, па велат дека со новите мерки се ограничуваат во работата. Истакнуваат дека во Охрид постојат двајца супспецијалисти –кардиолози, а за мислење од останатите супспецијалисти, хроничните болни ќе мора да патуваат во Скопје.
Пензионерите од селските средини, пак, дополнително ги мачи и тоа што во нивните средини нема аптеки.
За набавка на лековите тие мора да патуваат во градот и да се изложат на дополнителни финансиски трошоци кажува Наум Пуфтоски член на Извршен одбор на Здружението на Пензионерите од Охрид и Дебрца.
Дејан Гацов,потпаролот на Фондот за здравство информираше дека е одржан заеднички состанок со претставници од Бирото за лекови, Министерството за здравство, Лекарската и од Фармацевтската комора. „За 15 дена коморите ќе излезат со конкретни приговори околу режимот на препишување на лековите од позитивната листа, по што Фондот ќе се изјасни во интерес на пациентите“, додаде Гацов.
Денес аптеките не ги враќаа пациентите и ги издаваа лековите по вообичаениот режим на препишување.
Со посебниот режим на препишување на лековите се опфатени околу 90 медикаменти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град