Проекти од областа на инфраструктурата ќе ги зближи македонците од Пустец, Р. Албанија и охриѓани. Денес во посета на Охрид беше градоначалникот на Пустец, Едмунд Темелко заедно со група пензионери од тој крај.
Она што за нас е малку, за некој е многу. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, се понуди за помош на Пустец во делот на инфраструктурата. Петрески тоа го направи во рамките на посетата на голема група пензионери од Пустец, Р.Албанија, кои денес беа на прошетка низ Охрид. Градоначалникот потенцира дека иако економската криза е надвисната насекаде во државава, малку од малку можат да одвојат средства од буџетот на локалната за подобрување на условите за живот на македонците во Пустец.
Градоначалникот на општина Пустец, Едмунд Темелко, рече дека во Охрид се чуствуваат како дома, и некогашната физичка поделеност на територијата не може да влијае на правото на македонците во Албанија да се чуствуваат она што се.
Р. Албанија е најмултиетничка држава на Балканот и не е на ниво како што декларативно се изнесува, вели Темелко. Тој верува дека правото на сите македонци во Албанија подеднакво ќе им биде овозможено на сите оние кои територијално припаѓале на Македонија. Петрески пак рече дека не само Охрид, туку и другите општини од регионот, кои граничат со Пустец ќе и помогнат на оваа општина, а воедно тоа ќе биде единствен потег во историјата на Македонија, за кој Владата никогаш не се заангажирала, туку само градоначалниците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град