Пензионерите од Охрид и Дебрца се размрдаа

Малку пикадо, малку стрелаштво, шах и атлетика.

 |  Мишел Наумоски  | 
strelastvo penzioneri
стрелаштво пензионери

Спортски викенд за пензионерите од Охрид и Дебрца. Загреани за спортот, тие се натпреваруваа во неколку дисциплини. Фрлаа пикадо, стрелаа со воздушни пушки, а удрија и по некоја партија шах и табла.

penzionerki sahОвие натпревари на охридските пензионери се дел од седумнаесетите по ред спортски пензионерски натпревари. А нашите пензионери добро се покажале и на регионалните, но и на републичките натпревари.

„Ова е согласно програмата на Здружението на пензионери од Македонија на овие натпревари кои што се изборни за регионалните, а потоа и за републичките, се присутни околу 140 до 150 пензионери спортисти од кои околу 40 проценти се жени што е една голема бројка и очекувана и затоа сме најдобри во републиката изминативе години се надеваме дека тој успех ќе го повториме и регионалните, а се разбира и на републичките.“-вели секретарот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Стефан Владимиров.

Регионалните натпревари оваа година ќе се одржуваат токму во Охрид, а ќе учествуваат здруженијата на пензионери од четвртиот регион, односно од Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски брод. На овие натпревари се очекува да се пријават околу 200 натпреварувачи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top