Пензионерите на натпревар

16ти по ред општински пензионерски спортски натпревар. Пензионерите од Охрид и Дебрца си ги одмерија силите во неколку спортски и забавни дисциплини. Натпреварите за отворени ги означи градоначалникот Петрески кој со многу емоции им се обрати на пензионерите.

 |  Мишел Наумоски  | 
penzioneri
пензионери

penzioneriПензионерите од Охрид и Дебрца си ги одмерија силите во неколку спортски и забавни дисциплини. Шеснаесетиот по ред спортски пензионерски натпревар се одржа на полигонот за мали спортови. Општинскиот натпревар за отворен го означи градоначалникот Петрески кој низ солзи емотивно се обрати до присутните пензионери и натпреварувачи. „Се она што е досега изградено е од вас изградено“ им рече Петрески. Имено ова општинско пензионерско натпреварување од општините Охрид и Дебрца е едно од најмасовните во земјава.

penzioneri„Околу 100 натпреварувачи во 11 спортски дисциплини, не само спортски тука има и пикадо и шах, домино и други игри така да доволен број на учесници што е изненадување оваа година е скоро рекорден број може да се рече на учесници. Од овие општински натпревари ќе излезат најдобрите поединци и екипи кои потоа ќе продолжат на натпреварите на регионален план а после регионалниот план тие што ќе добијат први, втори и трети места учествуваат понатаму на републичко ниво.“-вели Ристо Трајкоски-Претседател на комисијата за спортски активности на пензионерите

Пензионерите се натпреваруваа во неколку спортови меѓу кои стрелаштво, тегнење јаже, фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри, но и забавни игри како табла и домино. Покрај солидните резултати кои се постигнуваат на ваквите натпревари, пензионерите успеваат и убаво да си го исполнат својот ден.

„Со ова придонесува пензионерите од здружението на пензионери на охрид и дебрца за спортскиот живот на проблеми и  нешта да се измени, да спортуваат пензионерите за секојдневицата која што се судруваат со разни да се рекреираат и да се на некој начин забавуваат и да се дружат заедно како луѓе од третото доба.“-вели Трајкоски

Натпреварувачите кои ќе се закитат со првите места на ова натпреварување, ќе одат на регионалниот натпревар за пензионери кој ќе се одржи на 29 јуни во Дебар. Трајкоски додаде дека Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца секогаш се враќа со одлични резултати од регионалните натпревари завршувајќи од првото до четвротото место. Натпреварите започнаа со трките на 60 и 80 метри, а паралелно се одржуваше и натпреварот во шах.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top