Во врска со вчерашниот прилог за реакцијата на пензионерите и измените на Законот за платен промет и примањето на пензиите преку трансакциона сметка, ТвМ ја посети „Прокредит банка“ како една од банките во кои пензионерите можат да отворат трансакциони сметки.
Во врска со вчерашниот прилог за реакцијата на пензионерите и измените на Законот за платен промет и примањето на пензиите преку трансакциона сметка, ТвМ ја посети „Прокредит банка“ како една од банките во кои пензионерите можат да отворат трансакциони сметки.
Со измените на Законот за платен промет како и Упатството за изменување на формите и содржините на платните инструменти за вршење на платниот промет, пензионерите треба да отворат трансакциона сметка, за да може после Нова година да ги примаат своите пензии. Една од банките која нуди најповолни услови за пензионерите е „Прокредит банка“. Пензионерите после отворањето на трансакционите сметки ќе можат да ги подигаат своите пензии, во една од 39-те експозитури како и на многубројните банкомати ширум Македонија. Во нашиов град „Прокредит банка“ е присутна со две експозитури, едната лоцирана на бул. „Туристичка“, наспроти скалестата зграда, а другата во охридската чаршија.Тука пензионерите ќе може да ги подигнат своите пензии преку трансакциона сметка и без провизија.
Со имиџот на банка која гради култура на штедење кај населението и тоа преку едукација и отворена комуникација, оваа банка е вистинскиот избор.
Љубезниот кадар во „Прокредит банка“ на секој пензионер ќе му овозможи одлична услуга, совети и неопходно знаење потребно за употребата на платежните картички како и користењето на банкоматите. Поволност за пензионерите е и пречекорување на трансакционата сметка во висина од една пензија.
Дополнителни услови кои оваа банка ги нуди се и дебитната ВИЗА и МАЕСТРО картичка, бесплатна за првата година. Треба да се напомене и можноста за едноставно плаќање на сметките за сите комуналии, секако без провизија, активирање на траен налог за плаќање на сметки или штедење без доаѓање во банка, пречекорување на ВИЗА или МАСТЕР КАРД картичката во висина од една пензија и секако не смее да заборави едниствената можност за побарување на кредит. За крај, оваа јубилејна година за „Прокредит банка“ ја одбележува одличната понуда за депозити од граѓаните. Каматна стапка од 5,5% на депозити во евра орочени на 5 години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град