Пензионерите од Охрид и Дебрца денеска ја одржаа последната седница за оваа година. На дневен ред беа измените и дополнувањата на Статутот, а се расправаше и за сработените обврски на телата на здружението.
Пензионерите од Охрид и Дебрца денеска ја одржува шестата редовна седница. На дневен ред беа измените и дополнувањата на Статутот, а се расправаше и за сработените обврски на телата на здружението. Пензионерите дискутираа и околу Одлуката за предвремено финансирање во првиот квартал од идната година.
На ова седница неминовно се проговори и за понатамошниот начин на собирање на средствата од солидарниот фонд. Охридското здружение конечно ја прифати одлуката овие средства да бидат прибирани преку фондот на ПИОМ, вели претседателот Ѓорѓи Трпчевски. Тој објаснува дека доколку не ја прифатеја оваа новина можеше да се случи здружението да згасне
На крај од состанокот претседателот на охридското здружение на сите пензионери им посака среќни новогодишни и божиќни празници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град