• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пендаровски: Пописот ќе не соочи со стравот колку малку не` има во нашата заедничка држава

Пендаровски: Пописот ќе не соочи со стравот колку малку не` има во нашата заедничка држава

Директорот на Државниот завод за статистика , Апостол Симовски, денеска во Собранието имаше  средба со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на парламентот Талат Џафери, министрите за правда и за локална самоуправа, Бојан Маричиќ и Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во врска со организацијата на пописот. На средбата беа поканети и сите градоначалници за координација со локалните самоуправи за непречено да може да се организира оваа статистичка операција.

 |   | 


Методологијата за пописот која  ги содржи сите информации до најситен детал за неговото спроведување е готова, во среда ќе биде разгледана од  Советот за статистика, по што ќе биде објавена во Службен весник , информира денеска Директорот на ДЗС, Апостол Симовски. Тој денес имаше состанок со шефот на државата, премиерот, претседателот на парламентот, министрите за правда и за локална самоуправа, претседателот на ЗЕЛС и градоначалниците на општините. Во случај да се влоши ситуацијата со пандемијата вели дека пописот сепак ќе се одржи, но ќе бидат во секојдневна комуникација со здравствените власти. Не очекува политички бојкот на пописот. Претседателот Стево Пендаровски е убеден дека самото законско решение не е пречка да се одржи успешно пописот. Според него  проблем е неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста. Тоа произлегува од стравот од резултатите.

„ Тој страв произлегува од погрешното разбирање концептот на човекови права како збир на привилегии што некој некому ги дава. За жал точно е дека на Балканот сеуште правата се гледаат низ етничка призма . Во демократска држава со европска иднина стекнатите права не сметат да се одземаат туку само да се зголемуваат. Ако постои една работа што треба да не исплаши, тоа е  бројот  на иселени граѓани, на млади луѓе кои засекогаш ја напуштиле државата во потрага по подобар живот. Пописот ќе не сосочи со стравот за тоа колку всушност сме малку. “ – кажа Пендаровски.

Премиерот Заев рече дека пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција според стандардите на ОН и Евростат, за никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање. Тој ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата и ќе ги исправи последиците од огромната недозволива пауза од 20 години од последниот релевантен попис, рече Заев.

„ Кому му одговара да имаме иднина планирана врз основа на податоци стари 20 години?  Ја користам оваа можност да ја повикам најголемата опозициона партија  да се приклучи на оваа одговорна статистичка операција и одговорно да ја исполни својата задача и улога во татковината. Оттаму, тука сме пред вас, за да укажеме колку е важно државата и сите нејзини институции и чинители на централно и локално ниво, да дадат поддршка на Државниот завод за статистика, за успешно да ја спроведе стратегиски важната статистичката операција – Попис 2021.“ – кажа Заев.

На денешниот состанок беа поканети градоначалници на сите општини од кои Државниот завод за статистика ќе побара логистичка поддршка  за одржување на пописот.  Според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат токму секретарите на општините.  Пописот кој е прв после 19 години треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година. Во 2011 година пописот беше прекинат откако комисијата поднесе колективна оставка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top