Синоќа на градскиот плоштад дел од својата програма пред охриѓани ја претстави кандидатот за претседател на Р. Макеоднија од СДСМ Стево Пендаровски. Тој истакна дека македонскиот народ на 13 април има шанса да гласа за почеток на смена на Власта, а да ја заврши на 27 април.
Народот масовно бега од својата земја, иселувањето во сите региони е со масовни пропорции, малку луѓе останаа во државата, изјави кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски на синоќешната средба со охриѓани, на градскиот плоштад. Неговата изјава ја темели врз база на сите поплаки од граѓаните што досега имал можност да ги слушне во сите региони од државата вклучувајќи го и охридско – струшкиот. Пендаровски нагласи дека Македонија во сферата на економијата не само што е на дното на Европа, туку е и на дното на балканот според сите економски индикатори на меѓународните економски и финансиски организации. Пендароски од Охрид рече дека ако неговите политички опоненти сметаат дека државата е пред се, тој порача дека народот треба да биде пред се, бидејќи ако има народ ќе има држава.
„Демографијата на Македонија кога државата се празни од народот е по мене најголемата закана за стабилноста, безбедноста и иднината на Македонија и македонскиот народ и граѓани. И ако тука не се превземат мерки за економски препород, ако тука не се тргне таа стравична партизација од горе до долу во сите институции кои фаворизираат една книшка и една партија а не заслуги и квалитет Македноија ќе тоне се подлабоко“– рече Пендаровски.
Пендароски од градскиот плоштад на охриѓани им порача, да не ја испуштат првата шанса на 13 април без да се плашат да излезат и да гласаат за подобриот концепт.
„Јас знам дека веќе почнаа масовно и систематски притисоците кон сите вас. Од кеш пари до уцени и закани за работно место и до се што може да им падне на ум преку нивните инспекции и други делови од репресивниот апарат. Немој да се плашите нема причина за тоа, ја поминав цела Македонија, ви гарантирам, ве уверувам тоа не е лично чуство тоа го покажуваат и најновите анкети, опозиционото настроение расте и во овој момент опозицијата води во сите градови во Р. Македонија“ – изјави Пендароски.
На синоќешниот собир Пендароски одговараше на прашања од присутните граѓани. Беше запрашан за тоа каков е неговиот став околу проектот на Владата за изградба на комплекс во Љубаништа од страна на индискиот милјардер Субрата Рој.
„Срамно е недозволиво за било кој граѓанин на Македонија, кој знае што е Охрид, оваа балканска ризница, овој бисер не само балкански да го валкаш со валкани пари со луѓе со валкан морал кој во својата земја не можат да излез пред очи на својот сопствен народ, да го носиш овде на оваа света земја ида се обидуваш да изградиш казина. Охрид бил и мора да остане со векови наназад центар на духовноста во Европа и светот, такви типови не ни требаат“– одговори Пендароски.
Запрашан од охриѓани за соживотот во земјата, Пендаровски кажа дека Македонија е мултиетничка земја и во иднина мора да биде мајка на сите граѓани. Додаде дека не може да ги разбере повиците на етничка мобилизација во 21 век, макар и да не добие ниту еден глас, тој ќе го застапувал ставот за кохабитација на различните вери и нации затоа што тој бил единствениот пат за Македонија. Пендароски ја запраша Власта, што се разговарало на последната средба со Нимиц во Њујорк пред 6 дена, што договарале, во договор или без договор со албанските партии? Кој ги овласти да преговараат за името? Дали сами си го дадоа тоа право? Инаку Пендароски во текот на вчерашниот ден беше во повеќе места во охридско струшкиот регион. Во Охрид ја посети црквата Богородица Каменско, теќето, чаршијата и непосредно разговараше со охриѓани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град