Пеколна социјална и економска есен ги очекува македонските граѓани, изјави претседателот на ВМРО НП, Маријан Додовски. Оваа партија ќе формира фондови за социјална и економска подршка на граѓаните во општините.
Фактите зборуваат дека невработеноста е се поголема а со самото тоа расте и бројот на социјално загрозени семејства. Во есенскиот период се очекува уште поголема ескалација од социо-економски аспект изјави претседателот на ВМРО-НП, Маријан Додоски.
ВМРО НП започна со активности за есенското функционирање на партијата. Денеска се одржа редовна седница на Извршниот Комитет на ВМРО-НП во Охрид. Додоски најави дека денес ќе се донесе и одлуката за започнување на постапка за формирање фондови за социјална и економслка помош и подршка на граѓаните во општините.
Охридското членство на ВМРО-НП целосно ја подржува ваквата иницијатива. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО-НП Ванчо Костоски рече дека свесни сме оти светската економска криза ја нагризува и Македонија и оваа иницијатива е добредојдена за социјално загрозените лица
Активностите на ВМРО -НП во овој период се дел од ветувањата за време на изборната кампања, рече Додоски и јавно се запраша дали есенва ќе биде пожешка и од летово гледано од социјален и економски аспект.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град