Печатите на фактурите заминуваат во историјата

Нови елементи на фактурата за ДДВ. Од почетоков на годинава фактурата за целите на ДДВ мора да содржи, полно име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактурите кај издавачот на фактурата без печат, наместо како што беше досега само краток потпис и печат.

 |  Николоска Биљана  | 

 

На фактурите не треба повеќе печат, потребен е само потпис.  Од 01, јануари годинава компаниите веќе немааат обврска да го користат, печатот. На фактурите за извршен промет или услуга ќе стои само целосното име, презиме и потпис на лицето кое е овластено да ги потпишува. Даночниот обврзник, односно издавачот на фактурите, овластувањето за лицето кое е задолжено за потпишување на фактурите, не треба да го заверува кај нотар;
Името и презимето на овластеното лице кое ги потпишува фактурите може да биде испечатено, а потписот треба да биде своерачен. Согласно Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност, пропишано е, доколку даночниот обврзник издава фактури исти по вид кон голем број на приматели на истите, даночниот орган, може на негово барање да му одобри, наместо печат и потпис да се служи со факсимил на печат и потпис.
Со ваквата измена печатот, целосно ќе биде исклучен, спред анализите кои ги добивме од Рафајловски Консалтинг, водечката компанија во Република Македонија во областа на економскиот и правниот консалтинг. Од таму за ТВМ кажаа дека со исклучувањето на печатот од фактурите нема да има никакво влијание врз досегашното работење, т.е. Ниту ќе го олесни ниту пак ќе го искомплицира. Со воведувањето на оваа новина само се адаптираме кон западно Европските постапки каде печатот одавма не постои. Исто така новина е тоа што од 24 Декември 2015 година, ослободени од ДДВ, се услугите од страна на телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање на финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации кои се користат за хуманитарни цели.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top