Пецаков: Убеден сум дека Охрид ќе биде почеток на промените

Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков утрово го искористи своето право на глас на избирачкото место 1262 во ООУ “Григор Прличев„. Пецаков беше придружуван од својата сопруга и за медиумите изјави дека во вториот круг очекува уште поголема разлика во негова корист.

 |   | 

За разлика од првиот круг, во овој втор круг имаше зголемени притисоци, закани и уцени. Буквално целиот институционален механизам кој самата власт го нуди посебно од апсолутна позиција на моќ, го искористија овој пат властите и се надевам дека денешниот ден нема да биде слика на она што се случуваше во вториот круг од кампањата. Како и да е, народот е повеќе од свесен, во првиот круг го кажа своето мислење по однос на изборите, не само во Охрид туку во Македонија, така што очекуваме позитивен резултат и во вториот круг изразен со повеќе гласови разлика отколку во првиот круг. Знам дека ќе биде така затоа што си го познавам својот народ, си ги познавам охриѓани и убеден сум дека Охрид ќе биде почеток на промените. Не успеавме за малку во првиот круг, за 1% од гласовите. Убеден сум дека сега разликата ќе биде многу поголема – изјави за ТВМ, Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top