Пецаков се сретна со градоначалникот на Јалова

Во рамки на работната посета на Република Турција, делегацијата на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид Сашо Донев, денес, оствари средба со градоначалникот на збратимениот град Јалова, Мустафа Тутук.

 |   | 

На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу збратимените општини. Беа разменети мислења за туризмот и предизвиците со кои се соочува настанати како последица на кризните временски неприлики, а беа разменети и идеи за нивно надминување и привлекување на туристи за претстојната туристичка сезона. Беше разговарано и за размена на искуства во областа на образованието.

Инаку, ова е прва официјална посета на градоначалникот Кирил Пецаков во Република Турција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top