За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина, стои во соопштението на Кирил Пецаков кандидат за Градоначалник на Охрид.
За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина, стои во соопштението на Кирил Пецаков кандидат за Градоначалник на Охрид.
Пред жителите на овие населби се обврзуваме на: Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште, асфалтирање на улици и краци во населбата Гоце Делчев-Бараки, измена и дополнување на ДУП за 11-та и 12-та Урбана Заедница, промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците ,,Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”, изведба на атмосферска канализација на улиците „Ристо Чадо”, ,,Прва ударна македонска бригада” и „Андреја Јованоски”, реконструкција на улиците „Андреја Јованоски” и „Живко Чинго”, проекти за кои гарантираме реализација во населба Радојца Новичиќ, партерно уредување на коритото на река Сушица, промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“, асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“.
Ние, сите заедно, со народот сме силата која единствено може да направи промени. Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина, стои во сопштението на Пецаков.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град