Пецаков: Охрид е најдоброто место да започнат промените

Овие избори сами по себе се предизвик во секоја смисла на зборот поради промените кои ќе доаѓаат во нашта држава, а од каде ако не од Охрид , тоа е најдоброто место да започнат промените. – кажа кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков, откако го оствари своето право на глас утрово.

 |   | 

Очекувам да има промена граѓаните да излезат во една фер и демократска атмосфера да го дадат својот глас и секако подобриот да победи. А она поради коешто треба да гласаат секако дека е позадината која ја носиме како кандидати и јас без никаква црна дамка со многу проекти, енергија и визија за функционален Охрид поинаков од она што сме го гледале досега. Ветувам отвореност, достапност за секој еден граѓанин, решавање на секој еден проблем кој граѓаните низ редовните состаноци кои ќе ги имаме не цамо по МЗ туку и на секојдневните среди, да ги решаваме. Имам енергија, енергијата ќе ја имам се додека не ја промениме оваа власт и на локално и на централно ниво. Кампањата измина мирно, нормално, секој кандидат имаше можност да се презентира пред граѓаните и она што граѓаните на крај ќе го одлучат значи дека подобрата програма победила – изјави Кирил Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top